Недела е и голема раздвиженост низ Краков. Најтуристичкиот полски град е исполнет со сè повеќе македонски навивачи. По кафулињата и рестораните во центарот на градот, во фан-зоната и низ кафеаните каде се задомаќинија, членовите на „Фалангата“ одлично ги минуваат деновите во Краков.
Нашиот објектив улови и многу Македонци на разгледување и по студеното време, а и некои кои ги правеа завршните подготовки за мечот вечерва.