Екипата на Кожув направи подвиг и славеше на гостувањето кај Пелистер во Битола (76-83) во рамки на 11-тото коло од Суперлигата последно за оваа година. Гевгеличани одиграа дуел во егал со противникот кој има поголемо искуство зад себе во актуелната сезона и успеаја да освојат многу важни бодови во борбата за позиционирање во плеј-офот во домашното првенство.









































