Металург го играше вториот, а Еурофарм Работник третиот натпревар од подготвителната програма пред почетокот на сезоната, а двете екипи делуваа така мотивирано и спремно на струшкиот дуел, како да едвај чекаат да почне сезоната. Металург поискусен. Еурофарм Работник полн со ентузијазам одиграа борбено и на крајот се радуваа скопјани со 21-19. Струшката публика виде вистински ракомет и две симпатични екипи кои скоро сигурно нема последен пат да играат на „Женска плажа“ во Струга.














































