Со многу ентузијазам по победите над Ускана и Бами Кор, Пелистер волеј влезе во дуелот со Струмица жени. Сепак, гостинската екипа, која настапи без неколку стандардни одбојкарки, покажа моќ и во периодите кога се „кршеа“ сетовите стигнуваше до клучни поени за победа во четири сета. Денешното попладне во Битола беше одличен спот за македонската женска одбојка, преполна со млади девојки и ентузијазам.