Победа беше невозмона мисија, отпор како во Нови Сад исто така. Макс Струмица доживеа нова бламажа и можеби единствена позитивна работа е што не загуби посрамно, одколку во Хрватска против ППД Загреб. Но, со преку 80 примени гола во двата натпревари со момците на Вујовиќ, Макс Струмица покажа дека не е зрела за во ова натпреварување. Попладневниот пораз од 21-40 (12-21) во СРЦ „Кале“ само јасно покажа дека успех за овој тим на Андонов ќе биде ако успее да го доигра натпреварвањето и да оствари барем една победа.
Марјан Андонов и неговите ракометари замислени на мечот со ППД Загреб
Чантурија шутира седмерец за Макс Струмица