Ракометарите на Еурофарм Пелистер на најдобар можен начин се одјавија од Европа пред битолската публика, бидејќи на последниот меч пред своја публика режираа вистински спектакл. Македонскиот првак во последната рунда ќе има гостување кај Барселона, но пред да мисли на тоа, на последниот меч на домашен терен одигра фајтерски против моќниот ПСЖ и на крајот се избори за бод на херојски начин (34-34). Честопати во спортот среќата ги следи храбрите, а така беше вечерва и Манасков со гол во последните секунди ја израдува Битола со голем бод.



















































