Како да е разлика во класи меѓу двете селекции, а не меч на европско првенство. Така изгледаше мечот на Франција и Србија во „Краков арената“. Доминантна приказна за момците на Онеста, со која првакот веќе обезбеди втора фаза, како скоро секогаш. Финалните 36-26 покажуваат дека Македонија остави многу подобар впечаток од Србија против суверените владетели на светскиот ракомет.