Со мал церемонијал на свечено отворање од 20 минути официјално е отворен петтиот завршен турнир на СЕХА лигата. По ланскиот експеримент со шест екипи на завршниот турнир, оваа сезона се враќа на сцена форматот на „фајнал-фор“. Фанфари, балетски точки, спектакуларна најава и исполнетост некаде од 50% проценти на трибините за првиот полуфунален меч помеѓу Мешков Брест и Веспрем, беа составен дел од предиграта. Околу 2.000 љубители на ракометот ја видоа церемонијата на свеченото отворање и се подготвуваат за првиот меч во кој најгромогласно беа поздравени хрватските ракометари Сулиќ и Алиловиќ кај Унгарците и Вукиќ и Пешиќ кај Белорусите.