Ракометните легенди на Македонија и Европа приредија вистински спектакл во „Јане Сандански“. Ракометен хепенинг под името „Легендите на сцена“ во организација на „Спортското радио 90,3 ФМ“ кое слави 20 години од своето постоење ги оправда очекувањата на ракометните фанови во Македонија. Иако беше во втор план, резултатот на натпреварот беше израмнет (30-30). Салата беше речиси исполнета, а фановите се потсетија на едни убави денови и ги поздравија легендите како Лазаров, Пепи Манасков, Царчев, Стоилов, Миркуловски, Штербик, Канељас, Карачиќ, Вугринец, Муса..., кои со години го краселе ракометот на највисоко ниво.

















































