Екипата на Шкендија Арачиново забележа историја и со победа над Пелистер по изведување на пенали (1-1 регуларен дел, 6-5 по пенали) обезбеди место во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) за првпат во својата историја. Битолчани, пак, иако со поголем буџет од ривалот и квалитет на хартија, не успеаја до резултат и се селат во понизок ранг. Херој во пенал-рулетот беше голманот Антонио Столевски, кој блескаше и фати три пенали во серијата на пелистерци.



















































