Со краток церемонијал на свечено отворање, ЕХФ и Полска го прогласија за отворен шампионатот на Европа во ракомет за мажи. Церемонијалот траеше половина час и беше исполнет со танц, музички точки и познати фаци на трибините. Целиот полски политички врв, легендарниот Збигњев Боњек, кој сега работи како претседател на фудбалскиот сојуз на Полска и армија на полски навивачи, обоени во бело-црвена боја, го карактеризираа свеченото отворање. Веднаш потоа Полска и Србија го почнаа мечот од првото коло, со кој се затвора програмата за првиот натпреварувачки ден.