Пред последниот тренинг пред заминувањето во Краков, Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов им даде аманет на Лазаров и соиграчите да останат во Полска што е можно подолго и да го обелат образот на македонскиот ракомет. Со желби за добро здравје и многу среќа, кои се неопходни на вакво натпреварување, Иванов се задржа на разговор со репрезентативците и вети дека ќе ги бодри од пред малите екрани. Дај Боже сите да ги дочекаме како херои.











Живко Мукаетов и Ѓорѓе Иванов со почесниот дрес на претседателот




