По катастрофалните квалификации за претходниот Евробаскет, македонската кошаркарска репрезентација пак се собра, овој пат со нова мисија и цел, да ги мине претквалификациите со Швајцарија и Словачка. Давитков има неколку дена да го обликува тимот пред мечот во Словачка, а нацијата да се обедини и да и даде поддршка на националниот тим в недела против Швајцарците. Со комбинација на млади и искусни кошаркари, Македонија почнува да го темели тимот кој во иднина ќе го понесе товарот за идните предизвици.