Кошаркарите на Пелистер триумфално ја финишираа 2024 година во мак-кошарката. „Зелено-белите“ за крај на годината дома го совладаа Тиквеш во 12. коло на првенството со 95-88. Во ефикасно надигрување со доста возбудувања битолчани дојдоа до многу важни бодови. Тие годината ќе ја завршат на првото место на табелата бидејќи имаат подобар меѓусебен скор од МЗТ Скопје и ТФТ Скопје.