Никој во тимот на Вардар не стравуваше од Савехоф. Респект само на стартот и потоа вклучена „машината“ за лесна и финална победа од 37-25. Ракометарките од бившите Ју-простори го наполнија скандинавскиот гол, а конечно видовме и македонски потпис во името на Сара Ристевска. Солидна посета и многу ракометна забава во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, како најава за бериќетна втора полусезона.