Во најнепредливото досегашно издание на завршниот турнир на Лигата на шампионите, Киелце стана спектакуларен европски првак со две изненадувања во два дена. Можеби на мала врата дојдоа во Келн, но момците на Душебаев пронајдоа ментална сила за победи над ПСЖ и Веспрем за кои уште долго ќе се зборува. Момците на Талант Душебаев испишаа прекрасна спортска приказна која покажува колку силна и непредвидлива е европската ракометна конкуренција. Еве како изгледаше седмиот Ф4 на Лигата на шампионите низ призмата на нашиот објектив.























































