Зад нас го оставивме највпечатливиот од сите пет завршни турнири на СЕХА лигата во ракомет. Турнир на раст, на зголемување на кредибилитетот и важноста на турнирот, на финале со најголем набој, на големи емоции. Некои тагуваа, некои славеа, некои се забавуваа. Трите ракометни дена во Вараждин минаа во знакот на ракометните емоции. Токму сите тие емоции пренесени преку нашиот објектив ви ги споделуваме како рекапитулар на петтиот „фајнал-фор“ на СЕХА лигата.

































