Во меч кој целосно ги оправда епитетите на завршните мечеви во Келн, полскиот првак Киеце во третиот обид избори финале на Лигата на шампионите со победата над ПСЖ со 28-26. Поголемото искуство и доброто водење на екипата од Талант Душебаев беа клучот на победата на „жолтите“ кои со поддршката од своите навивачи се чувствуваа многу повеќе како дома од Французите. Тимскиот дух на Киелце ги победи инвидуалците на ПСЖ и уште еднаш покажа дека во Келн фаворитите не важат. Така беше со Флензбург и Хамбург, а зошто да не биде така и со Киелце.