Уште едно кошаркарско дерби со веќе видено сценарио. Последната победа на Работнички во „Градски парк“ во февруари беше само илузија дека Работнички може слави на два меча во континуитет со МЗТ Скопје. Скоро три и пол четвртини и попладнево во СЦ „Јане Сандански“ момците на Докузовски беа и повеќе од егал противник на првакот МЗТ Скопје. На крајот финалните 81-71 не покажуваат колку тешко беше да се игра против момците на Докузовски и нивната енергија додека не се уморија стартерите, а потоа алтернативи од клупата немаше. Симпатиите за Работнички, но бодовите како многу често во последните сезони за МЗТ Скопје.









































