И повторно милион драми, возбудување и за жал, одново пораз во трилер завршницата. Втор меч по ред Македонија ги заслужи симпатиите, но за жал и натаму е без бодови. Поразот од 23-24 против домаќинот Полска не е трагедија, но боли. Можеби Полјаците мечот го планираа како полесен залак, но Лазаров, Ристовски и соиграчите ги испотија полските звезди и малку фалеше да ги совладаат. Штета што наместо ние, Полјаците вечерва имаат двојно славје: победа број два на шампионатот и пласман во втората фаза.
Гоце Георгиевски во акција
Славомир Шмал на голот на Полска
Кирил Лазаров на мечот против Полска
Карол Биелецки во акција