Откако во два полемични меча ја совладаа Струмица во полуфиналето, одбојкарите на Шутова денес на доминантен начин го освоија Купот на Македонија во одбојка, со победата без загубен сет против Пробиштип ВА. Како многу искусна екипа, полна со интернационалци и одбојкари кои играле мечеви од овој тип „црвено-црните“ од Кичево ги израдуваа своите навивачи со првата титула во сезоната. На ред е втората и трофејот од шампионатот.












