Екипата на МЗТ Скопје на домашен терен славеше над Црн Дрим (104-67) и ја продолжи серијата на победи во Првата македонска кошаркарска лига. Аеродромци доминираа во три од четирите периода и ривалот го почестија со „стотка“. Сите пет играчи од првата петорка беа со двоцифрен учинок, па стружани, кои се нов тим во елитата, немаа шанси да парираат. За МЗТ ова беше четврти меч оваа сезона и тимот има скор 2-2, додека Црн Дрим има скор 1-6, со четири порази во низа.