Фокусот мора да биде на утрешното полуфинале, но Шпанија и Хрватска и натаму се под импресии на вчерашните подвизи. Хрватска ја елиминира Полска, Шпанија ја остави без борба за медалите Данска, иако загуби од неа во меѓусебниот дуел. Насмевки на секој чекор на вечерниот тренинг на двете селекции во пресрет на мечот. Хрватите го коментираат рушењето на домаќинот, а Шпанците играа фудбал. Бабиќ и Каденас знаат дека мора да ги опуштат ракометарите, бидејќи утревечер ги очекуваат нови големи напори.