Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје одигра одличен натпревар и славеше над големиот градски ривал Работнички (59-73) во првото „вечно дерби“ од актуелната сезона во мак-баскетот. Тимот на Атанасов имаше контрола на резултатот и константно водеше против тимот на Работнички, па заслужено ги освои бодовите. Натпреварот во СРЦ „Кале“ го одбележаа и прекини, работа имаше и полицијата со домашната навивачка група, факелите и пиротехниката. Салата беше полна, а актерите на теренот возвратија со допадлива кошарка.