Овој тип на мечеви е повеќе псхолошки, отколку што е тактички или физички дуел. Така Вардар со менталниот влез во натпреварот и брзиот гол го најде лекот како да ја смири креативноста и самоувереноста на Шкендија дека е подобар противник. Големите екипи добиваат ваков тип на натпревари, а Вардар покажа дека за македонски услови е голем. Посебни пофалби за искусните фудбалери на Вардар кои ги понесоа помладите во клучните моменти до победата од 1-0 и почетокот на славјето за одбрана на титулата.































