Требаше да биде фудбалски празник, а кога по натпреварот сите говорат за делењето на правдата, а уште во првиот дел имаше две исклучувања, тогаш нешто недостигаше за да биде вистинско дерби. Шкендија стекна огромна предност пред реваншот наредната среда, а во нерамноправниот меч со двајца фудбалери помалку, Пачовски спречи и поубедлива победа на тетовчани. Стенио Жуниор и Цуцули во првото и Марјан Радески во второто полувреме ја „потпишаа“ најубедливата победа на Шкендија над Вардар во ерата на Самсоненко. Специфично е што се играше на „Чаир“, во четврток и што вербалниот дуел и реакцијата на Горан Попов врз нашиот најдобар судија Александар Ставрев ќе остане лајт-мотив на ова Куп четвртфинале.
Фудбал - Куп на Македонија прв меч 2
Куп-на-Македонија-Вардар1
Куп-на-Македонија-Шкендија2
Тренерот на Силекс, Шптим Дуро
Фудбал - Куп на Македонија
Фудбал - Куп на Македонија прв меч
Куп-на-Македонија-Шкендија1