Артим Шаќири ги подели последните совети во пресрет на реванш натпреварот од втората квалификациска фаза на Конференциската лига на УЕФА. Исто како и пред седум дена, ривал на тетовчани ќе им биде Валмиера која ја победија во Летонија (1-2). За разлика од противникот, Шкендија беше слободна овој викенд, но Валмиера покажа форма и со 6-1 славеше против Мета/ЛУ. „Црвено-црните“ од Тетово треба да се посвежи, спремни и да ја нападнат следната фаза на натпреварувањето.