Кошаркарите на МЗТ Скопје се радуваа на победа од 75-71 во рамките на полуфиналето на АБА2 турнирот против Широки Брег. Овој триумф ги одведе „штрковите“ директно во АБА-елитата, бидејќи Златибор кој ќе им биде ривал во финалето мора да игра бараж. Иако босанскиот ривал денес не се откажа во ниту еден момент, немаше сили и изгоре во пеколот во „Јане Сандански“. Шампионот на Македонија заедно со најверните „Фемили Аеродром“ го прослави враќањето во првата Јадранска лига.