Играта дожд-сонце е составен дел од струшкиот ракометен турнир, па така првиот од двата денешни натпревари се одигра во сала, а таму францускиот Шартр покажа дека екипите кои доаѓаат од Франција имаат неспорен квалитет. Победата против Пелистер од 28-15 само тоа го покажува. Физичка сила и вистинска франциска школа на ракомет само потврди дека по Сесон Рен минатата година, организаторот на струшкиот турнир пак го погоди гостинот од Франција.























