Вистинска драма и дури и 60 минути не беа доволни за да се добие победникот на струшкиот ракометен турнир. Втора година по ред екипите од францускиот шампионат го освојуваат турнирот на „Женска плажа“. Шартр собра многу симпатии, па дури и кога се чинеше дека ќе му недостига карактер по кам-бекот на Металург имаше повеќе среќа и го имаше Граховац на голот за победа од 23-26 и прва титула во Струга за оваа екипа. По Сесон минатата година, Струга има нов шампион и тој повторно доаѓа од земјата на светскиот првак.





































