Ракометарите на Вардар 1961 победија во првото „вечно“ дерби против Еурофарм Пелистер оваа сезона со 31-23 (15-12). Тимот предводен од Иван Чупиќ виде мака само во првото полувреме кога пелистерци парираа и се држеа близу, но во вториот дел шампионот ја демонстрира силата и стигна до висок триумф. Вардар е единствен тим без пораз во македонскиот шампионат, откако Еурофарм Пелистер го доживеа првиот пораз. Битолчани имаат и едно реми.



















































