Една од најсилните ракометни лиги во Европа, СЕХА лигата и во најситните детали чекори со најголемите спортски брендови. Со кратка, но ефектен церемонијал од 20 минути, официјално беше отворен последниот ден од петтата сезона. Малку забава, затемнета атмосфера и загревање за малото и големото финале. Полека се исполнува вараждинската арена, а со оглед на распродаденоста на финалето, во 19.00 часот нема да има празно место за мечот Веспрем – Вардар.