Добар ракомет, врвна организација, внимавање дури и на ситните детали ја прават СЕХА лига на иднината и натпреварување атрактивно за многу ракометни екипи. Дополнителна убавина носат „чирлидерките“ на натпреварувањето во Вараждин, кои пленат со својата убавина и атрактивност. На неколку илјадната публика во арената како да им беше помило кога мечот ќе беше во прекин или кога имаше тајм-аут. Вчера пенал рулетот меѓу Мешков Брест и Веспрем беше добредојден за уште еден настап на „чирлидерките“ на СЕХА лигата.