Во една недела, Карпош Соколи го совлада Кожув во Гевгелија и Фени Индустри во Скопје и потврди дека не се шегува оваа сезона. Победата од 80-65 со водство скоро во целиот натпревар, потврдува дека мак-кошарката добива уште еден сериозен претендент за висок пласман. Одлична колективна игра и пред сѐ одбрана ги красеше „соколите“ во ладниот амбиент на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Победата против кавадарчани треба да ги замисли и шампионите од Аеродром, кои наредни му гостуваат на лидерот.
Кошарка-Кожув-Карпош-Соколи
Кошарка-Фени-Индустри