Без многу нови лица, првпат во нов комплекс и како и секогаш со насмевка на лицата, првакот и најуспешна есенска екипа Вардар ги започна подготовките за пролетниот дел од шампионатот. Црвено-црните означија нов почеток со тимот кој со само еден пораз презими на врвот и кој е прв и најголем фаворит за шампионската титула. Скопје, па Анталија треба да ги наполнат вардаровите „акумулатори“ за оваа генерација на фудбалери да може да ги донесе работите за кои сонува армијата навивачи: одбрана на титулата, романтичен фудбал и долго европско лето.
Фудбалерите на Вардар на почеток на зимските подготовки