Фудбалерите на Вардар го совладаа тимот на Струга во финалето на Купот на Македонија со 2-0 и го кренаа трофејот во ова натпреварување. По пауза од осумнаесет години, одново во мечот за Куп-трофејот имаше „црвено-црно“ славје. Вардарци со головите на Михаил Талевски стигнаа до победата на нашиот најголем стадион. Во славјето играчите решија да го почестат тренерот Гоце Седлоски и го кренаа на раце на теренот, па тој „летна“ во воздух.



















































