Најдобро организираното Европско првенство во историјата донесе ракомет со неверојатна страст, многу пресврти и изненадувања, многу испреплетени улоги на фаворити и аутсајдери. Германија е на тронот по две и пол неделни борби во полските градови Краков, Вроцлав, Гдањск и Катовице. Ги издвојуваме емоциите кои им се најдраги на спортистите, во овој случај на ракометарите. Моментите на исполнетост, задоволство по постигнат гол, остварена цел, извојувана победа, подигнат пехар. Ги имаше многу во Полска овие денови. Нека биде така и на наредните големи ракометни собири.