По ветрот кој беше противник и за Словенија и за Македонија, нашиот национален тим остана пак со празни раце и пак без постигнат гол. Поразени сме со 1-0, тројца наши фудбалери завршија во болница, само на моменти бевме компактни, но само дефанзивно. Мора да се констатира и лошото судење на Србинот Мажиќ кој можеше во две ситуации да покаже на белата точка, но тој не мислеше дека има потреба за тоа. Враќањето на Пандев ќе се памети по неговата повреда на главата, а нашиот тим со селекторот Ангеловски поправен испит ќе има веќе во вторник против Бугарија во Скопје.













