Женската ракометна репрезентација на Македонија на домашен терен загуби од селекцијата на Црна Гора (21-29) во дуел кој се играше во рамки на новоформираниот ЕХФ Евро Куп во кој играат трите домаќини на ЕП 2022, плус шампионот од последниот континентален собир. Македонија на овој дуел влезе доста подмладена, со повеќе имиња кои влегуваат без големо искуство и како дебитанти. Црногорките, пак, беа без Радичевиќ и Мехмедовиќ кои добија поштеда од селекторката Поповиќ и ќе играат само во реваншот. Со оваа победа Црногорките го продолжија добриот тренд во официјалните натпревари против Македонија. На овој дуел шанса доби и 14-годишната Ива Младеновска која беше МВП на шампионатот во Литванија каде Македонија беше прва и го забележа деби-настапот меѓу сениорките. Вториот натпревар од ЕХФ Евро Купот, Македонија ќе го игра повторно против Црна Гора, в недела.