Гостувањето на француската футсал репрезентација во нашата земја само по себе беше голем настан. Првиот од двата теста играчки добро помина, бидејќи избраниците на Божовиќ и тоа како играа рамноправно со „триколорите“ и инерцијата ги понесе да играат на победа и можеби затоа загубија. Сепак радува ентузијазмот и организацијата на нашиот национален тим и по тие очекувања во среда во Велес треба да биде уште подобро.