Ракометната репрезентација на Македонија одново им приреди супер-возбудлив натпревар на навивачите, откако ремизира со Португалија (29-29) во второто коло на Европското првенство во Хернинг. Одигравме целосно израмнето прво полувреме, а потоа на стартот на второто ривалот се одлепи и во повеќе наврати водеше со пет гола предност. Сепак, во ниту еден момент Македонија не се откажа, водена од тимскиот дух и најдобрата партија во кариерата на капитенот Филип Кузмановски се врати. Дури и поведовме, имаше и надеж за победа, а на крајот моравме да се задоволиме со реми против полуфиналистот од ланскиот Мундијал.




































