Иако опоменуваа да нема потценување и опуштање пред мечот со „фенерџијата“ Металург, фудбалерите на Вардар целосно потфрлија и само инвидуалците и среќата ги спасија од губење на два бода против Металург. Победата од 2-1 против најмладата екипа во лигата е опомена дека овој Вардар уште не ја освоил титулата. Ќеран попладнево ја донесе победата, но со играта Вардар направи два чекори назад.



























