По лет од 140 минути од Скопје до Гдањск, македонската ракометна репрезентација пристигна во Полска на олимпискиот квалификационен турнир во организација на ИХФ и полската ракометна федерација. Еден час по слетувањето ракометарите се сместија во хотелот каде ќе претстојуваат до недела. Агендата им е ручек и задолжителен одмор, а попладне од 18.30 часот следува првиот тренинг во „ЕРГО Арената“. Сите ракометари кои ги има на располагање селекторот Обрван се здрави и меѓу нив владее одлична атмосфера. Со автобус веќе пристигнаа и членовите на „Фалангата“ кои патуваа повеќе од 24 часа. Дебитанскиот меч Македонија го игра утре од 20.30 часот против Полска.









