Тренерската смена не донесе ништо ново и ништо добро во таборот на шампионот Шкупи. Чаирчани убедливо загубија во Кавадарци и тоа од екипа која исто така доаѓа по тренерска смена, но покажа реакција. Кавадарчни го прегазија тимот кој минатата сезона доминираше во ПМФЛ со 3-1 и јасно покажаа дека во клубот од Чаир многу работи не се како што треба. Феноменално прво полувреме одиграа фудбалерите на Тиквеш и вторпат оваа есен се радуваат на победа во националниот шампион.