Како и секоја година Македонија со нетрпение го чекаше изгледот на календарот на компанијата „Пелистерка“ која оваа година доби спортски тон. Имено, ракометарките на Вардар беа избрани како модели за сите 12 месеци од следната 2016 година и тоа во разголено, провокативно издание.
„Среќна сум што можам да ви го откријам календарот за следната година, во кој сензуални и софистицирани блескаат ракометарките на Вардар. Верувам дека направивме вистински избор меѓу убавината и здравјето од една, и водата како нивна енергија од друга страна“ рече Тања Панделеска, маркетинг директорот на „Пелистерка“.
Впечаток е дека се работи за полн погодок и добар микс на вредностите кои ги има Македонија во овој момент. Ракометарките на Вардар две години по ред се трети во Европа во Лигата на шампионите.














Календарот на Пелистерка за 2016 година

Календарот на Пелистерка за 2016 година












