Вечерва девојките од женската ракометна репрезентација на Македонија го одработија претпоследниот тренинг пред мечот со црногорските „лавици“ в четврток од 18.00 часот во СРЦ „Кале“. Убава атмосфера, насмеани лице и растеретување се чувствуваше меѓу избраничките на Симевски. Јасно е дека нема што да се загуби против многу посилна селекција како Црна Гора на Драган Аџиќ. Нека биде рамноправно и чесно како против Словенија, па и со предвлидливиот пораз никој нема да тагува.






























