Ако европската титула на Флензбург или на Хамбург за сметка на големите Кил и Барселона беше сензација, ова што вечерва го направи Киелце за сметка на вечниот губитник Веспрем е чудо кое се гледа еднаш во векот. Момците на Талант Душебаев се вратија од -9, за да изборат продолженија, а потоа по пенали да го совладаат Веспрем со 39-38. Со серија од 9-0 „жолтите“ испишаа ракометна рапсодија која со петтиот седмерец на Агинагалде донесе екстаза во полскиот сегмент на навивачи во „Ланксес арената“.






























