Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер покажа моќ, на домашен терен го надигра Алкалоид (33-20) и со доминантниот дуел ја анулира негативата од „Автокоманда“, па го презеде првото место на табелата пред последните три кола во регуларниот дел од сезоната во македонската ракометна Суперлига. Алкалоид многу грешеше, имаше преку 10 загубени топки, а исто така промашуваше и од секоја позиција. Алонсо го надмудри Лазаров, добро ги затвори најдобрите играчи на Алкалоид, па домашниот тим заслужено се радува на победата во Битола.



















































