Ракометарите на Еурофарм Пелистер се радуваа во второто сезонско „вечно“ дерби против Вардар (35-33). Дуелот од 15. коло на Суперлигата понуди добра борба и возбуда за полните трибини во салата „Боро Чурлевски“. Преку 3.000 навивачи го проследија овој натпревар, се играше и пред две навивачки групи „Чкембари“ и „Комити“, а на крајот се радуваше „зелено-белиот“ дел од салата. Пелистерци одиграа доминантен прв дел во кој водеа со девет разлика, но потоа се опуштија и за малку не си направија од „готово вересија“ против залетаниот ривал.