Колку што во четвртокот беше трагично, вечерва беше скоро херојски. Македонската женска ракометна репрезентација прокоцка можност за реми против објективно поквалитетната Словенија. Да бевме малку поискусни и поснаодливи во последниот напад, веројатно сега ќе говоревме за подвиг на девојките на Симовски. Победата на Словенија од тесни 21-22 треба да не осоколи дека во овој проект мора да се верува и дека овој квалификациски циклус може да значи добро школо за во иднина. А школо треба да ни бидат и двата меча со Црна Гора, кои следат за крај на квалификациите.